Целокупната визија на проектот Horizon 2020 Energy Citizens for Inclusive Decarbonization (ENCLUDE) е да и помогне на ЕУ да ги исполни своите ветувања и намери за праведен и инклузивен пат кон декарбонизација преку споделување и заедничко создавање на нови знаења и практики кои го максимизираат бројот и различните групи на граѓани кои се подготвени и способни да придонесат кон енергетската транзиција.
Во трансформацијата на енергетскиот систем, граѓаните стануваат сè поважни како ангажирани учесници кои се директно вклучени во обликувањето на системот. Оваа улога на партиципативни потрошувачи на енергија се рефлектира во терминот „енергетски граѓанин“. ENCLUDE има за цел да сподели ново знаење и да ја мотивира најшироката можна популација да придонесе кон енергетската транзиција.
Овој трансдисциплинарен проект ќе создаде типологија на концептот за енергетско граѓанство за различни заедници на граѓани преку истражување на студии на случај на постоечки активности насочени кон декарбонизација. За прв пат, увидите за тоа кој е засегнат од енергетското граѓанство и како овој концепт може да влијае на патеките за декарбонизација ќе бидат инкорпорирани во моделите базирани на агенти (agent based models) и интегрираните модели за проценка (integrated assessment models). Истражувањето има за цел да го операционализира концептот на енергетско граѓанство во повеќе размери на донесување политики и одлуки.
Преку создавањето на ENCLUDE Академијата за енергетско граѓанско лидерство, новите знаења за енергетското граѓанство, можностите за енергетска транзиција, заедно со стратегиите за заедничко одлучување и заедничко дефинирање на проблемите ќе бидат споделени со граѓаните и невладините организации низ ЕУ. Целта е да се помогне да се мобилизираат акции за декарбонизација, вклучувајќи ги и заедниците кои вообичаено не се во можност да учествуваат во овие граѓански процеси.